Астрономски самрак
Астрономскиот самрак започнува наутро кога геометрискиот центар на Сонцето е 18 степени под хоризонтот и завршува кога геометрискиот центар на Сонцето е 12 степени под хоризонтот. Навечер започнува кога геометрискиот центар на Сонцето е 12 степени под хоризонтот и завршува кога геометрискиот центар на Сонцето е 18 степени под хоризонтот.
Под овие услови хоризонтот не е видлив, но може да се видат умерено светли звезди.