Врнежи
Врнежите се (течни и цврсти) капки вода што паѓаат од облаците и стигнуваат до површината на Земјата. Капките што паѓаат во течна агрегатна состојба паѓаат во вид на дожд (слаб и пороен), додека пак цврстите капки на вода вклучуваат снег и град. Врнежите се формираат кога растечките облачни капки стануваат толку големи што паѓаат од сопствената тежина.
Врнежите се клучен фактор во развојот на растенијата и земјоделството воопшто.
Пустините се карактеризираат со екстремно ниски количини на врнежи.
Сликата го покажува нивото на врнежи забележано од сателитот на 2 јуни 2017 година во Европа. Овој тип на карта за врнежи исто така се користи за тестирање на моделите за временски прогнози.