Наутички самрак
Наутичкиот самрак започнува наутро кога геометрискиот центар на Сонцето е 12 степени под хоризонтот и завршува кога геометрискиот центар на Сонцето е 6 степени под хоризонтот. Почнува вечер кога тој геометриски центар на Сонцето е 6 степени под хоризонтот и завршува кога геометрискиот центар на Сонцето е 12 степени под хоризонтот.
Наутичкиот самрак им помага на морнарите да можат да се движат во тоа време од денот, бидејќи и ѕвездите и хоризонтот се видливи. Земјените предмети може да бидат тешко распознати, па затоа може да биде потребно вештачко осветлување.