Длабочината на Нулта Годишна Амплитуда (ZAA)
Длабочината на Нулта Годишна Амплитуда (ZAA) е растојанието помеѓу површината на земјата и точката под површината каде што земјата не е засегната од температурните разлики во текот на една година. Во пермафростот, горниот слој, познат како “активен слој”, е под влијание на топење и замрзнување во текот на целата година. Под овој слој, температурата е секогаш под 0 ° C и затоа почвата е трајно замрзната. Навлегувајќи подлабоко, годишните варијации во температурата стануваат се помалку и помалку значајни и конечно под одредено ниво, температурата останува константна во текот на целата година.Точката каде годишната варијација на температурата е помала од 0,1 ° C е дефинирана како “Длабочина на нулта годишна амплитуда” (ZAA). Длабочината на оваа точка може да варира помеѓу 10 и 20 метри под површината, што зависи од климатските услови и почвата. Под ЗАА, температурата на почвата постепено се зголемува со зголемување на длабочината, поради геотермичната топлина која потекнува одоздола. Тука, температурата на почвата (под 0 ° C низ мраз) е повторно на 0 ° C. Оваа точка затоа ја одделува замрзнатaтa почва од незамрзната почва и укажува на долната граница на мразот.