Замрзнати цвеќиња
Замрзнатите цвеќиња се кристали од мраз формирани на свеж мраз, на мирен океан кога сувиот воздух е многу поладен од водата. Влагата од морската вода станува достапна до ладната атмосфера и ниски површинските ветрови овозможувајќи презаситување на граничниот слој на површината.
Замрзнатите цвеќиња растат од несовршености во површинскиот мраз (точките на нуклеација), во услови на екстремни температури под нулата. близу до -22 ° C, формирајќи испакнати структури. Тие растат вертикално и брзо до високи сантиметри. Замрзнатите цевќиња се речиси три пати посолени од морската вода, затоа што кога се формираат, процесот наречен отфрлање на солта, солите од порозниот морски мраз се исфрлаат во цвеќињата. Истите сочинуваат микроорганизми; бактериите пронајдени во замрзнатите цвеќиња се многу погусти од замрзната вода под нив, што значи дека секој цвет е всушност привремен еко-систем, на некој начин како коралните гребени.