Континентален гребен
Континенталниот гребен е подводна земјена маса што се протега надвор од континентот, од брегот кон морското дно, на длабочини од 100 до 200 метри. Просечната широчина на континенталниот гребен е околу 60 километри. Најголемиот континентален гребен во светот се протега 1500 километри (околу 930 милји) од брегот на Сибир кон Северниот леден Океан.
Континенталниот гребен е нежно наклонет кон морето за околу 0.1 степен. Вообичаено завршува со стрмен пад наречен континенален отсек, кој претставува многу стрмна зона која обично се спојува со дел од океанското дно на длабочина од околу 4000 до 5000 метри.
Сончевата светлина може да продре низ плитката вода во континенталниот гребен, дозволувајќи разни видови на организми да живеат, од микроскопски ракчиња до џиновски алги наречени келп. Океанските струи и речни поплави носат соединенија до организмите кои живеат на континенталниот гребен.
Повеќе модерни континентални гребени биле над над морската височина и биле откриени во текот на глацијалните периоди, кога големо количество на вода била заробена во масивните слоеви од мраз кои ја покривале Земјата.