Субполарен предел (Субарктик)
Субполарниот предел е регион во Северната хемисфера јужно од Арктикот и прекрива голем дел од Алјаска, Канада, Исланд, северниот дел од Скандинавија, Сибир и Шетландските острови. Генерално, субполарните региони се наоѓаат на 50° и 70° северна географска ширина, зависно од локалните клими.
Месечните температури се над 10 °С (50 °F) за барем еден или најмногу три месеци од годината. Доста карактеристично за субполарните региони е постоењето на тајгите. Агрикултурата е воглавно ограничена на сточарство, иако во некои региони многу малку работи може да нарастат. Во големите цицачи кои живеат во субполарната зона спаѓаат елените, лосовите, мечките, ирвасите и волците. Канада и Сибир се богати со минерали, посебно никел, молибден, кобалт, олово, цинк и ураниум.
Освен во областите во непосредна близина на топли океански струи, скоро секогаш има пермаментно замрзната почва поради многу ладните зими.