Јоносфера
Јоносферата е дел од горниот дел на атмосферата која се протега од околу 80 до 1000км над земјината површина,која делумно јонизира. Зрачењето (соларно или космичко) со пократки бранови должини од ултравиолетовите зраци,има доволно енергија да ги одвои електроните од неутралните атоми или молекули, кои потоа стануваат јони.
Поради помалата густина од горната атмосфера како слободни електрони можат да постојат за краток временски период пред да се судрат со јоните кои се комбинираат во неутралните атоми. Секоја промена на соларните или космичките зрачења влијае на својствата од јоносферата, како на пример размножувањето на радиобрановоте користени за комуникација и навигација.
Illustration: wikipedia.org