Албедо
Албедо е мерка за рефлексија на површината, во овој случај Земјата, и ни кажува колку сончева енергија е рефлектирана назад во просторот. Албедото има разладувачки ефект. Најмногу зависи од бојата на површината (темно обоените површини абсорбираат многу повеќе енергија отколку светло обoeните).
Научниците од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего ги анализирале податоците од Арктичкиот сателит од 1979 до 2011 година, и пронашле дека нивото на просечното арктичко албедо се намалило од 52% до 48% од 1979 година па наваму, поради опаѓањето (топењето) на Арктичкиот мраз.