Арктички зелен појас
Арктички зелен појас е северната граница на растот на дрвјата; брановидната граница помеѓу тундрата и бореалската шума, над која климата е премногу сурова како би растеле дрвја. Се протега преку северните континенти на Земјата на должина повеќе од 13000 километри. Тоа е најголемата еколошка преодна зона на планетата – нејасна граница која всушност преминува на север и југ и може да се појави постепено или остро, во зависност од локацијата. Според многумина со арктичкиот зелен појас всушност се обележува јужната граница на арктичката зона. Минатите и неодамнешните промени во позицијата на арктичкиот зелен појас и просторната структура на шумите во близина се индикатори за климатските промени.
Позицијата на арктичкиот зелен појас на северната хемисфера останал непроменет од 3500 год п.н.е. па се до денес. Истражувања за северниот циркумполарен (што се наоѓа околу полот) зелен појас ја поврзале распределбата на дрвјата со многу околни фактори, како што се пермафрост (место од вечен снег и мраз), влага, топлина, радијација и фронтална циркулација (Barry, 1967; Bryson, 1966; Hare and Ritchie, 1972; Hustich, 1966; Larsen, 1989).
Неодамнешните резултати од екперименталните модели индицираат дека циркумполарниот појас со дрвја може да биде поместен кон север за десетина до стотина километри ако се земат во предвид очекуваните последици од глобалното затоплување поради зголемување на стакленичките гасови во атмосферата, кои придонесуваат за зголемување на ефектот на стаклена градина.