Пинго
Пинго е конусен или елипсовиден рид, кој може да биде и во форма на полутпочест насип составен од слој на почва кој покрива масивни слоеви мраз. Оваа појава може да се сретне на повеќе места каде што има постојан мраз. Масивните слоеви на мраз се формирани под хидростатички притисок.
Постојат два вида на пинго: пинго со отворен систем и затворен систем. Пингата со отворен систем имаат отворен канал низ кој до внатрешноста доаѓаат артески води. Пингата со затворен систем се формираат од ограничено количество на вода која што е заробена од замрзнувањето на езерата кое што почнува од краевите кон внатрешноста.