Gákti

Традиционалната облека на Самите, во минатото била изработена од кожа и жили од ирваси, во денешно време почесто изработена од волна, памук или свила.

Традиционалниот костим  на Сами те се карактеризира со доминантна боја украсена со контрастно обоени ленти, плетенки, везови и често високи јаки. Традиционалните gákti најчесто се во варијации на црвена, сина, зелена, бела, средно-кафена боја на кожа или крзно од ирваси. Главниот дел од костимот се состои од пуловер, кој во основа е ист и за мажите и за жените, верзијата на мажите е малку пократка додека женската облека висат доколеното или средината на телото, во зависност од локалната варијација. Женски gákti обично се состојат од фустан, рамен шал и чизми / чевли изработени од крзно или кожа од ирваси и убаво украсен сребрен накит. Чизмите обично имаат заострен или заоиблен врв.

Gákti-те се разликуваат од заедница до заедница, на пример, во јужните делови на Сампите е подолг од оној во северниот дел на регионот.

Боите, шарите и накитот на gákti укажуваат на тоа од каде е лицето, дали личноста е во врска, а понекогаш дури и семејството од кое потекнува. Обликот на копчињата на ременот кажува дали лицето е во брак или не. Квадратни копчиња значи дека лицето е во брак,а тркалезни копчиња дека не е.

Тие се носат и во церемонијални контексти и додека работат, особено кога чуваат ирваси.

Фото: NN – norden.orgGlacier mill.

Polarpedia terms are created by EDU-ARCTIC Consortium, which holds responsibility for quality of translations in following languages: Polish, French, Danish, Norwegian, German, Russian, Italian, unless indicated otherwise. If you see an error - please contact us: edukacja@igf.edu.pl.
European Union flag This project (EDU-ARCTIC) has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No 710240. The content of the website is the sole responsibility of the Consortium and it does not represent the opinion of the European Commission, and the Commission is not responsible for any use that might be made of information contained.
Designed & hosted by American Systems Sp. z o.o.