Хибернација
Хибернацијата е состојба на неактивност со намалување на метаболичките процеси, температурата на телото, побавно дишење и срцеви отчукувања од вообичаеното. Се однесува на ендотерми – топлокрвни животни.
Хибернацијата е начин на зачувување на енергијата од страна на животните кога има ниски температури, а храната е ретка. Во зависност од видот, состојбата на телото, годишното време или температурата на околината, хибернацијата може да трае од неколку дена до неколку месеци.
Иако поларните мечки остануваат активни во текот на целата година, бремените женки влегуваат во состојба слична на хибернацијата во снежниот појас неколку зимски месеци пред да ги родат своите младенчиња.
Сепак во текот на зимата може да се забележи како феномен кај поларните мечки -“хибернација на одење” – поради ниските температури животните можат да го намалат метаболизмот за да ги намали енергетските загуби што ја одржуваат истата телесна температура.