Арктичка лисица
Арктичката лисица, (Vulpes lagopus) позната како “поларна лисица” живее во Арктичката тундра на Евроазија и Северна Америка, Исланд, Гренланд и Свалбард, како и на островите во близина на северните брегови на Сибир и Канада.
Во лето, има потенко кафеаво, темно кафеаво или жолто крзно, а во зима, крзното и е дебело и бело. Бојата на крзното овозмужува да се камуфлира против предаторите (поларна мечка, златен орел), но гладувањето во текот на зимата е главна причина за морталитет.
Поларните лисици живеат во големи живеалишта со повеќе од еден влез, кои ги користат неколку години. Понекогаш младите лисици кои не се размножуваат (најчесто женките) можат да живеат во истите живеалишта и да помагаат во одгледувањето на малите лисици. Во зима, живеалиштето може да биде под снежна обвивка. Сезоната на парење трае од Февруари до Април. Лисиците се раѓаат во живеалиштето во Мај или Јуни. Во лето и есен, поларните лисици складираат храна под камења во нивните живеалишта или во дупки ископани во мразот. Складираната храна се користи за време на зимата кога храната е тешка за наоѓање. Арктичките лисици живеат во просек 3-4 години (на Свалбард најстарата лисица била стара 16 години).
Интересни факти
Генетичките истражувања покажуваат дека постои значителен контакт помеѓу одделни популации на поларни лисици. Се претпоставува дека тие го користат мразот на морињата за да поминат големи дистанци низ Арктикот. Најголемата закана за Арктичките лисици е северниот и поагресивен вид на црвена лисица поради климатските промени. Се смета за значаен ривал на поларната лисица во неговото традиционално Арктичко живеалиште.