Јадро мраз
Јадра од мраз се цилиндрични примероци од мраз ископани од покривка мраз или од некој глечер. Глечерите се формират со слоеви од снег кои се акумулираат еден над друг. Секој слој од снег е различен во неговиот хемиски состави и текстура, летниот снег се разликува од зимскиот снег. Со текот на времето, закопаниот снег се компресира од тежината на снегот што е над него, формирајќи мраз. Честичките и дисоцираните хемикалии кои се заробени од снегот што врни, стануваат дел од мразот, како и меурчиња од заробен воздух. Слоевите од мраз се акумулираат за време на годината, кои оставаат податоци од климатските услови во времето во кое се формирале, вклучувајќи и акумулацијата на снег, локалната температура, хемискиот состав на атмосферата, концентрации на гасовите добиени од ефектот на “скаклена градина”, вулканска и соларна активност.
Секој слој им дава “ризница” од информации на научниците за климата секоја година. Како морските седиментни карпи, јадро мраз претставува вертикална временска патека од минатите климатски услови складирани во покривките мраз и планинските глечери.
Податоците од јадрата мраз ни го даваат најдиректниот и најдеталниот пат за да истражување на минатите климатски и атмосферски услови. Јадрата мраз се издупчени во глечерите и на покривките мраз на сите континенти на Земјата. Меѓутоа, повеќето јадра мраз, доаѓаат од Антарктикот и Гренланд, каде што најдолгите јадра мраз достигнуваат должини до 3 километри или повеќе во длабочина. Јадрата мраз од студениот внатрешен регион од поларни ледени покривки ни даваат извонредни добро зачувани и детални климатски податоци. Проучувањата на јадрата мраз ни покажуваат како во древниот мраз има податоци за климата на Земјата во минатото. Во период од 400,000 години, нивоата на јаглерод диоксид се издигнале и се спуштиле, варирајќи од поладно во Ледената Доба до потопло во интерглечерските периоди.