Аурора
Аурора претставува емисија на светлина предизвикана од судири на високо енергетски, наелектризирани честички кои произлегуваат од плазмата која ја исфрла Сонцето (соларен ветар) со гасовите во делот од Земјината атмосфера наречен термосфера. Различни гасови емитираат различни фреквенции на електромагнетни бранови (или бои на светлина), поради што боите видливи за време на аурорската активност се одредени од хемиската композиција на атмосферата на височините каде се случуваат и самите судари.
На височина помеѓу 100 и 200 км, каде повеќето од аурорите се случуваат, основните составни делови на атмосферата се атомскиот кислород (О) и молекуларниот азот (N2), со различни проценти од секој гас, во зависност од височината. Атомскиот кислород, кој е во изобилство на височини над 150 км, е оној кој емитира црвени, сини и виолетови бои. Понатаму, соодносот меѓу атомите на кислород и азот предизвикуваат емисии со силна зелена боја.
Како наелектризираните честички влегуваат во Земјината магнетосфера, така тие се насочени од силовите линии на геомагнетното поле во групи наречени аурорални овали, концентрирани околу Северниот и Јужниот магнетен пол.