Расцепување
Расцепувањето на глечер е процес во кој блоковите од мраз се кршат од предниот дел на глечерот, под влијанието на гравитацијата (ако глечерот е над водата и не ја допира) или пловидба/да плови (ако предниот крај од глечерот е под површината на водата).
Грутки од мраз што се расцепуваат од предниот дел на глечерот можат да имаат различни форми- од мали делчиња на мраз до џиновски санти мраз, кои можат да имаат површина до 100 километри квадратни. Цврстиот мраз што се одвојува од предниот крај на глечерот, кој се наоѓа на површината на водата, плови како санта мраз или парчиња од мраз.
Водата на предниот крај на глечерот го предизвикува мразот на глечерот да се распадне на помали парчиња. Ова распаѓање истовремено предизвикува да се појават бранови на површината на водата. Таквите бранови можат да претставуваат закана по бродовите, особено ако расцепувањето се случи во близина на нив.
Расцепувањето е многу важен фактор во нормалното повлекување на глечерите при нивното придвижување кон морињата. Моментот кога глечерот не тече/не се движи/ по земјината површина, туку започнува да се движи по водата е познат како заземјена линија.