Снег од лубеница
И покрај ниската температура, речиси близу до нулата, киселоста, сончевото зрачење и минимална хранлива вредност, во снегот се појавуваат преку 60 видови на алги. Најчест вид на снежните алги е, Chlamydomonas nivalis кои го oбојуваат снегот црвен или розев. Овај феномен е наречен “снег од лубеница” или “крвав снег”. “Снегот од лубеница” се формира кога сонцето ги загрева и ги топи остатоците од зимата, при што истопените остатоци имаат мирис сличен на лубеница.
Кога овие алги- типично зелени организми – ќе бидат изложени на многу сонце, тие произведуваат природен вид на “сончање” што ги бои падините розеви или црвени при што снегот се затемнува, овозможувајки да се загрева и да се топи побрзо. Споредено со чистиот снег, алгите го менуваат снежното албедо, кое предизвикува намалување од 13% во текот на сезоната на топење на Арктикот. Тоа значи дека потемниот снег ке абсорбира повеќе светлина и може да предизвика позитивни повратни информации, како на пример поголемо снежно топење, потемна површина, повисоки температури и друго.