Фенологија

Фенологијата е наука која што го определува времето на појава на настани во  животниот циклус на сите живи организми. Животниот циклус на еден организам е временскиот период до моментот на репродукција. Kога мислиме на животниот циклус на организмот, не мислиме секогаш на неговиот животен век, туку на периодот кој што е потребен за репродукција на една генерација. Настаните во животните циклуси се познати како фенофази. Кај растенијата тие се првото ливче, пупењето, првиот цвет, последниот цвет, првиот зрел плод, расејување на семките и промената на бојата на листот. Кај животните фенофазите се парење, раѓање на млади, митарење, хибернација (период на мирување) и преселба.

Научниците кој ја проучуваат фенологијата се наречени фенолози. Тие се заинтересирани за времето на појавување на специфичните билошки настани кои се под влијание на сезонските и климатските промени. Сезонските и климатските промени се неживи или абиотички компоненти на природата кои влијаат врз живите или биотичките компоненти. Сезонските промени вклучуваат варијации во должината на денот, температурата, дождот и снежните врнежи. Фенолозите се обидуваат да научат повеќе за неживите фактори кои влијаат врз животните и растенијата.

Растителните и животинските видови ги користат предвидливите годишни промени во климата за да одредат кога да започнат со природните настани како што се: цветање,  парење итн. Најбитните три абиотички фактори кои влијаат на фенологијата се:

  • Сончевата светлина
  • Температурата
  • Предвидувањето (врнежи на дожд и снежни врнежи)

Овие три фактори заедно одредуваат кога ќе се случат природните настани.

Polarpedia terms are created by EDU-ARCTIC Consortium, which holds responsibility for quality of translations in following languages: Polish, French, Danish, Norwegian, German, Russian, Italian, unless indicated otherwise. If you see an error - please contact us: edukacja@igf.edu.pl.
European Union flag This project (EDU-ARCTIC) has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No 710240. The content of the website is the sole responsibility of the Consortium and it does not represent the opinion of the European Commission, and the Commission is not responsible for any use that might be made of information contained.
Designed & hosted by American Systems Sp. z o.o.