Polarpedia has information categorized by main topics. Click on an icon below to view the available terms.
«
»

Кратерот Батагајка

Кратерот Батагајка е термокарстна депресија, најголем од ваков вид, скоро 1км долг и 86м длабок и се проширува многу брзо. Лоциран е во Сибир околу 660км (410 милји) североисточно од од регионот Јакутск, се наоѓа во близина на селото Батагај во областа Веркојанск.

Локалните жители го нарекуваат “премин кон пеколот“.

Создавањето на кратерот започнал во шеесетите години на минатиот век. Како резултат на масовното уништување на шумите, земјата повеќе не беше покриена со дрва преку летото, па сонцето ја загреваше земјата и немаше доволно транспирација од дрвјата, разладувајќи ја површината. Оваа комбинација без сенки и без транспирација предизвика загревање на земјината површина, со што, слојот од земја над вечниот мраз започна да се одмрзнува. Кога овој процес започна и мразот беше изложен на високи температури, овој феномен беше предизвикан.

Кратерот Батагајка е огромна област од претходно закопана замрзната земја, која била прво формирана пред илјадници години. Истражувачите веруваат дека изложените мраз и земја околу краевите на кратерот можеле да издржат и до 200,000 години од геолошка и биолошка историја. Со зголемувањетго на Батагајка произлегоја остатоци од животни, најчесто во осумдесеттите. Плеистоцениот коњ (Equuslenensis) и Античкиот бизон (преисториски степски бизон) излегоја од одмрзнатата земја, исто како и остатоци од пештерски лавови и волци.

Слика: https://earthobservatory.nasa.gov

«
»
Polarpedia has information categorized by main topics. Click on an icon below to view the available terms.
Polarpedia terms are created by EDU-ARCTIC Consortium, which holds responsibility for quality of translations in following languages: Polish, French, Danish, Norwegian, German, Russian, Italian, unless indicated otherwise. If you see an error - please contact us: edukacja@igf.edu.pl.
European Union flag This project (EDU-ARCTIC) has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No 710240. The content of the website is the sole responsibility of the Consortium and it does not represent the opinion of the European Commission, and the Commission is not responsible for any use that might be made of information contained.
Designed & hosted by American Systems Sp. z o.o.