Неинвазивно земање примероци
Неинвазивното земање примероци значи собирање биолошки примероци од животни, без соочување со животните. Традиционално, ако сакате да соберете примероци од животни на пример за ДНК анализа, морате да го фатите животното во стапица и можеби да го анестезирате за да може да земеме примерок од крв или ткиво. Ваквиот начин на земање на примероци предизвикува многу стрес врз животното, што во некои случаи може да значи дека животното може да умре.
Неинвазивното земање примероци се обидува да го намали овој стрес преку поставување на пр. замки за коса кои се проверуваат само на секои 2 недели или со собирање на фекални примероци, така што животните никогаш не мора да стапат во директен контакт со луѓето.