Фитопланктон
Фитопланктони се микроскопски организми кои живеат во водени средини, како солени така и слатки. Некои фитопланктони се бактерии, додека некои се протисти. Повеќето се едноклеточни.
Како и копнените растенија, фитопланктоните имаат хлорофил со чија помош ја примаат сончевата светлина која преку процесот на фотосинтеза ја претворат во хемиска енергија. Тие примаат јаглерод диоксид и ослободуваат кислород во атмосферата. Процесот на фотосинтеза се одвива кај сите планктони, но некои од нив добиваат енергија со консумирање на други организми.
Растот на фитопланктонот зависи од достапноста на јаглерод диоксид, сончева светлина и хранливи материи.