Polarpedia has information categorized by main topics. Click on an icon below to view the available terms.
«
»

Иселенички птици

Миграцијата е регуларното движење на животните меѓу простори каде живеат во различни периоди од годината. Околу 5 милиони земни птици мигрираат секоја година од Европа и Азија најчесто во Африка. Многу видови на птици мигрираат околу истите патишта, следејќи ги физичките карактеристики, како: бреговите линии, планински венци и речните долини. Патиштата каде што голем број птици патуваат се нарекуваат летечки патишта.

Најчестата причина за миграција за одреден временски период е да ги искористат ресурсите на храна, засолниште и вода што зависат од сезоните. Миграциите исто така можат да се случат и во различни фази од животот. Некогаш одбраната дестинација е побезбедна за младите поради помалиот број на предатори или повеќете засолништа. Во други случаи, дестинацијата е побезбедна бидејќи на животното му е потребен друг тип на живеалиште кога е младо, отколку кога е постаро.

Миграцијата значи неколку недели или месеци од патување, што може да значи поминување еколошки бариери како планини, мориња и пустини. Птиците мораат да се соочат и да решат бројни физиолошки и еколошки проблеми, како потребните количини енергија за продолжениот лет и наоѓање погодни места за одмор за време на патот. Голем проблем е и грижата за ориентацијата и навигацијата: возрасните иселенички птици се веќе запознати со патот и зимувачките навики што им дозволиле да преживеат во претходните години, но младите птици мигрирајќи за прв пат треба да пристигнат до специфичното место за зимување што им е непознато. Птиците имаат вонредни навигациски вештини, сеуште целосно непознати, базирајќи се на визуелни (Сонцето, поларизација на светлина, конфигурација на ѕвездите) и не визуелни (магнетното поле) внатрешни компас системи. Исто така имаат силна генетичка компонента за миграцијата во смисла на тајминг и пат, но ова може да биде модифицирано од влијанија на средината.

Иселеничките птици може тешко да бидат погодени кога се најранливи. После долгите патувањa се соочуваат со безброј опасности. Вклучувајќи го уништувањето и деградацијата на живеалиштата, губењето на критични локации за одмор како мочуриштата на бреговите, илегалното убивање, труење, загадување и судирот со лошо лоцирани инфраструктурни објекти, како далноводи и ветерници.

Како резултат на тоа, повеќе од 40% од видовите иселенички птици се во опаѓање, а повеќе од 200 се веќе класифицирани како глобално загрозени.

Арктичкиот терн е популарна иселеничка птица и држи рекорд за миграција на најголема далечина.

«
»
Polarpedia has information categorized by main topics. Click on an icon below to view the available terms.
Polarpedia terms are created by EDU-ARCTIC Consortium, which holds responsibility for quality of translations in following languages: Polish, French, Danish, Norwegian, German, Russian, Italian, unless indicated otherwise. If you see an error - please contact us: edukacja@igf.edu.pl.
European Union flag This project (EDU-ARCTIC) has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No 710240. The content of the website is the sole responsibility of the Consortium and it does not represent the opinion of the European Commission, and the Commission is not responsible for any use that might be made of information contained.
Designed & hosted by American Systems Sp. z o.o.