Обична северна гуска
Обична северна гуска (Somateria mollissima) е најголемиот претставник на патките; живее во северните предели (Скандинавија, Исланд, Фарски Острови, Сиберија, Гринланд, Лабрадор, Нова Шкотска). Има огромна силуета со голема клинеста глава и карактеристичен профил со рамно чело. Тоа покажува видно изразен полов диморфизам (сиво- кафеаво за женка, црно-бело за мажјак, со розевкасти гради и зеленикав заден дел на главата).
Обичната северна гуска гнезди на земја меѓу камењата или во тревата блиску до вода. Обичните северни гуски во главно се хранат со мекотели и ракови кои ги фаќаат на морското дно додека нуркаат. Овие птици формираат повеќе-генитални кланови, каде женките заедно се грижат за младите и помагаат со јајцата ( една женка несе 2-6 јајца). Пердувите од овие птици се користат за изработка високо квалитетни вреќи за спиење и специјална облека. Годишната продажба на специјализираната поларна облека и пред сè меки производи и перници исполнети со пердуви е повеќе од 30 милиони евра. Цената на ваков јорган е 6 000 до 30 000 евра, повремено и до 25 000 евра. Ултра лесните пердуви се познати како материјал за најдобра термичка изолација на светот.
Главен снабдувач на овај материјал е Ирска (тие ја патентираа технологијата на обработка). Секоја година повеќе од 30 сертифицирани собирачи собираат вкупно 2.5 тони пердуви директно од гнездата, на почетокот на сезоната за размножување- делумно, и потоа остатокот после нејзиното завршување. Женките пред да го снесат јајцето, го прават гнездото ( кубејќи околу 20грама темносиви пердуви од својата покривка од пердуви), за јајцата да бидат целосно заштитени од голем студ.
Обичните северни гуски се особено заштитени во Исланд- каде се снабдени со земјени гнездени кутии, и имаат доверба во луѓето.